Во Штип пријавен е случај за злоставување 18-месечно дете, осомничениот слободно си шета

Ме зачудува инертноста на полицијата, на социјалните служби и на сите други надлежни институции што веќе трет ден дозволуваат по улиците на Штип да се шета можен педофил и непресметлива личност, вели Горан Тасев, татко на 18-месечно дете, за кое вели дека пред три дена било злоставувано во станот на неговата поранешна сопруга од страна на нејзиниот љубовник.

Ноќта меѓу 3 и 4 август жителите во зградата на улицата „Анте Банина“ во штипската населба Сењак пријавиле во полиција дека едно дете вреска, плаче на цел глас.

„Син ми тие денови беше кај неговата мајка. Таа е во љубовна врска со Д.Ј., лице познато во Штип како педофил, човек што на интернет комуницира со малолетни девојчиња и за кого во полиција се сомневаат дека се занимава и со организирање на проститутки. Кога соседите на жена ми околу полноќ пријавиле дека во еден од становите на цел глас вреска дете, полицијата не реагираше. Јас дознав за тоа од соседите и јас телефонски се јавив во полиција. И пак ништо. Во полиција се јави и бабата на детето и тогаш конечно двајца полицајци влегле во станот. Таму беа затекнати мојата поранешна сопруга, Д.Ј. и мојот син, кој беше со модринки по целото тело, се тресеше и очигледно е дека беше многу вознемирен. Полицијата сето тоа го забележа, но не презеде никакви мерки за приведување на злоставувачот и за заштита на детето“, вели Тасев.

Тој вели дека и утредента кога бабата го однела детето во штипската полиција, полициската инспекторка не презела ништо.

Напротив, таа се ставила во улога на вешто лице, доктор, извршила преглед, што законски не е дозволиво и воопшто детето не е препратено на медицинска установа каде што би биле констатирани повредите. За случајот известени се и во Министерството за труд и социјална политика, Центарот за социјални работи во Штип… Никој досега не презел никакви мерки да се заштити детето, кое има само 18 месеци“, рече Тасев.

За случајот се обративме и до МВР Штип, но оттаму ни одговорија дека „таков случај не е евидентиран“.

На прашањето до Тасев дали се сомнева дека детето било и сексуално злоставувано, освен психички и физички, Тасев вели дека не е сигурен во тоа, но само знае дека од 4 август кој и да се обиде да му ја смени пелената, детето прснува во плач.

„Се прашувам зошто кога полицијата го нашла детето видно вознемирено, не го отстранила потенцијалниот злоставувач. Чии интереси ги штити полицијата?“, прашува Тасев.

Лицето Д. Ј. и вчера било видено како слободно шета по улицата „Анте Банина“ во населбата Сењак во Штип.

извор mkd.mk

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account