ВОНРЕДНА ВЕСТ: Сите доброволци кои сакаат да учествуваат во гаснењето на пожарот кај Трескавец да се обратат до противпожарната екипа во Прилеп или на телефонот 193.

Share Button

СТРАШЕН пожар го загрозува манастирот Трескавец! Во опасност и три населени места

Повеќе од 50 хектари со борова и нискостеблеста шума вечерва горат околу манастирот „Успение на Пресвета Богородица – Трескавец“ кај Прилеп, информираат од Општина Прилеп.

„Пожарот избувнал околу 16 часот над новите градски гробишта и тој се шири со огромна брзина. Гори целата планина околу манастирскиот комплекс. На терен се излезени екипи на противпожарната единица како и доброволци кои упатуваат апел до граѓаните да се вклучат уште вечерва во гаснење на пожарот затоа што постои голема опасност повторно да се запали ова наше светилиште. Се претпоставува дека причина за пожарот е човечки фактор“, се вели во соопштението.

Во опасност од големиот пожар се и населените места Горно Село, Мажучиште и Забрчани.

„Пожарот се шири со огромна брзина кон манастирот. Моментално има мали екипи на луѓе кои гаснат. Последниве денови има повеќе пожари на територија на Општина Прилеп, како екипа интервенираме со денови. Гаснењето во вакви услови е отежнато, терените се доста лоши, а температурите се високи. Повикуваме граѓаните да не палат оган на отворен простор и да ја почитуваат забраната за движење во шумите“, истакна Станко Колески, командир на Територијалната противпожарна единица.

Сите доброволци кои сакаат да учествуваат во гаснењето на пожарот кај „Трескавец“ да се обратат до противпожарната екипа во Прилеп или на телефонот 193.

На територија на Општина Прилеп моментално се активни четири големи пожари

пожар

уредник

Related Posts

Create Account

Log In Your Account