Дали битолското здравство конечно ќе тргне напред со новиот раководен тим?

Веќе е активен новиот менаџерски тим во Клиничка болница во  Битола.Како што неодамна објавивме со решение на Министерот за здравство д-р Арбен Таравари за в.д директор на Клиничката болница во Битола е назначен д-р Зоран Лазаров специјалист по Ургентна медицина. Пред д-р Лазаров се големи предизвици,  дали битолското здравство конечно ке тргне напред ?

 

Лазаров важи за вистински професионалец во својата работа, истакнат доктор кој со  досегашниот свој труд и работа, максимално професионално работеше во службата за ургетна медицина , почитуван од своите колеги но пред се и од пациентите.

Дали д-р Лазаров ќе успее со своето искуство да одговори на предизвиците кои го чекаат останува да видиме , но по се што работел во неговато матично одделение во Ургентната медицина слободно може да се каже дека за битолското здравство доажаат подобри денови.

Но промените не застануваат тука, заедно со новиот директор следи и промена и на главната сестра на Клиничка болница.Имено за главна сестра на Клиничката болница во Битола е назначена Радмила Бајовска која цел свој век го поминува работејќи во Клиничката болница.Таа ја извршуваше оваа функција до 2006 година кога е сменета и по цели 11 години се враќа на оваа позиција.

 

Дипломирала на Високата медицинска школа на Универзитетот во Битола.По разрешувањето во 2006 година работи во службата за реанимација и интезивно лекување каде и од таму е смената и е прераспределена во Ургентната медицина.За неа колегите кажуваат дека е најдобрата и најстручната сестра во Клиничката болница , која секогаш е на страната на пациентот , која е со своето знаење секогаш работи посветено за доброто на пациентите Исто така почитувана е и од колегите доктори кои секогаш имале позитивни зборови за неа.

Дали со овие кадровски промени почнува нова ера во битолското здравство по разговорите со пациентите и колегите дефинитивно таа е вистинскиот избор.

Дали битолското здравство конечно ќе тргне напред со новиот раководен тим останува времето да покаже.

Напишете коментар