Кои се можните кандидати за градоначалник на Битола

Освен поради високите температури, во Битола е вжештена атмосферата и во двете најголеми политички партии, каде се подготвуваат за престојните локални избори. По распишувањето на датумот за изборите, најголема прашина се крева околу тоа кој ќе биде кандидат од страната на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Во внатре партиските кругови на ВМРО-ДПМНЕ се зборува дека најсерозни кандидати од редовите на оваа партија се актуелниот пратеник во Собранието, Зоран Илијоски и актуелниот координатор на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битоа, доскорешниот директор на Центарот за култура, Борче Димитровски. Со оглед на тоа дека двацата потекнуваат од различни струи во партјата и поддржувачи од врвот, последната одлука, сепак ќе ја даде лидерот на партијата, на кого, барем како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, најважен му е рејтнигот меѓу членството на идниот кандидат. Актуелниот градоначалник, Владимир Талески иако не даде јавна потврда, но истакна во повеќе наврати дека сака да ги доработи сопствените проекти, што значи дека е можно да се пријавил и за четврт градоначалнички мандат.

Од редовите на СДСМ јавно и транспарентно уште во февруари беа испратени кандидатурите на 12 лица, како предлози за иден прв човек на Битола, а меѓу нив се најдоа актуелни советници, бизнисмени, лекари и новинари. Сепак, во последно време, како најсериозен кандидат се споменува Горан Милевски, актуелниот претседател на ЛДП и пратеник во Собранието на РМ. Тој има голема поддршка според анкетите и е познат во јавноста како жесток критичар на работата на Талески. Сепак, останува на централата во Скопје да го направи последниот избор, со што ќе се види дали Битола ќе ја предводи лице од СДСМ, или тоа ќе биде првиот човек на нивниот коалиционен партнер.

Се очекува од двата политички табори, одлуките да бидат познати некаде околу 15 август, со што ќе се стави крај на шпекулациите и нагодувањата, кој ќе ја бие битката за градоначалниката фотеља во Битола. За кандидатите за советници, политичките партии листите на кандидатите треба да ги поднесат најдоцна до 9 септември.

 

Емилија Сарафска

канал 77

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account