Огнена престрелка попладнево ја вознемири Струмица,има повредени (ФОТО)

Share Button

Пукотници попладнево ги вознемирија жителите кои живеат во близина на градската капела во Струмица, објави локалниот портал strumicadenes.mk.

Имено од засега неофицијални непотврдени информации се случила престелка околу 15:00 часот при што едно лице со прострелна рана во градниот кош веднаш е пренесено во медицинскиот центар во Струмица.

-Нашата екипа беше на лице место каде полициски екипи од СВР СТРУМИЦА не дозволуваат никаков пристап и се во исчекување на екипи од МВР во Скопје. Очевидците кои во тој момент се нашле на местото каде се случил немилиот настан не сакаа да коментират ништо. Тој дел од градот е блокиран за сообраќај и движење и е под силно полициско обезбедување, пишува порталот.

Причините за пукотниците засега не се познати ниту колку лица биле присутни и колку од нив имале огнено оружје.

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account