Горан Милевски од ЛДП или за Центар или за Битола

Екс советникот и претседавач на општина Куманово, сегашен пратеник и функционер на СДСМ, Максим Димитриевски најверојатно е главен кандидат за замена на Зоран Дамјановски Циц во трката на локалните избори за Куманово. Максим е познат со својот став и понашање кое не е секогаш сервилно и во корелација со општата политика на СДСМ важи за бунтовник и иноватор пред кого стои кариера.

Ова ќе биде една од можните рокади за внатрешен избор на кандидати во СДСМ, бидејќи најпрво ќе се оди со лични кандидатури преку партиските тела, а потоа ќе се донесе одлука на кого ќе му биде дадена поддршка во кампањата за локалните избори.

Можна е и смена на Андреј Жерновски како главен кандидат за општина Центар и во СДСМ веќе се разгледуваат можности за нови имиња кои би истрчале на 15 октомври.

СДСМ треба да размислува и за општина Струмица, дали ќе оди со позвучно име или ќе му даде шанса на некој од тим кој претходно беше воден од Зоран Заев кој се повлече поради премиерската функција.

Инаку според извори на Доказм лидерот на ЛДП Горан Милевски најверојатно со подршка на СДСМ ќе истрча за Градоначалник на Битола од каде и што е иако според наши дојави  не е за изненадување ако истрча и за Центар Скопје ако добие подршка од Ристо Пенов и неговите милиони како изненадување поради кавгите кој да биде Градоначалник подржан од СДСМ во Центар, Жерновски, Саша Богдановиќ ПОЦ или некое друго име.

ЛДП ќе добијат можност да кандидираат и свој кандидат во Аеродром иако СДСМ таму го има Златко Марин кој исто изразува спремност за кандидатура, но според партиски извори местото сепак ќе припадне на ЛДП.

извор Доказм.мк

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account