До Министерството за внатрешни работи поднесена пријава против прилепското здружение „Маркукуле“

Share Button

Пишува: Зоран Милошески

Адвокатот Жарко Стеваноски денес до МВР Полициска станица од општа надлежност во Прилеп – Одделение за стопански криминал, поднесе пријава против Здружението за промовирање на културните вредности во Пелагонија „Маркукуле“. Пријавата е поднесена поради основано сомневање дека Здружението незаконски се финансирало од средства на јавни претпријатија и други правни лица во државна сопственост и не ја прикажувало вистинито финансиската состојба пред УЈП. На тој начин здружението затаило данок во износ кој ќе го утврди Одделението за стопански криминал при МВР ПС ОН-Прилеп.

До Министерството за внатрешни работи поднесена пријава против прилепското здружение „Маркукуле“

Пријавата се однесува и на Александар Георгиоски, одговорно лице во здружението „Маркукуле“, како и на НН службени лица во јавни претпријатија и правни лица. Сите тие се сомничат дека ги сториле кривичните дела „Даночно затајување“, „ Поднесување лажни докази“, „Злоупотреба на службената положба и овластување“, како и други кривични дела по наоѓање на јавниот обвинител.

Според Стеваноски, постојат основи за сомневање дека првопријавениот како правно лице и второпријавениот како одговорно лице во правното лице, во периодот од 17.08.2015 година до денес, спротивно на Законот за здруженија и фондации, Статутот на правното лице, Законот за даночна постапка и Законот за данокот на добивка, вршеле дејност и нуделе маркетинг услуги спротивно на дејноста запишана во Централниот регистер на РМ. На таков начин противзаконски се стекнале со противправна имотна корист во износ кој ќе се утврди врз основа на извршено економско вештачење на финансиското работење на правното лице, а го оштетиле и буџетот на РМ по основ на затајување на данок од доход во износ кој ќе се утврди врз основа на извршено економско вештачење.

Подносителот на пријавата вели дека работата на Здружението ја следи од неговото формирање па сѐ до денес и дека станува збор за здружение на граѓани во чија сопственост е интернет порталот „Маркукуле“.

„Во периодот од неговото формирање до денес, локалната власт го користи за ширење на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ и на прилепската локална самоуправа. Согласно закон, изворите на средства на здружението можат да потекнуваат од членарини, спонзорства и донации а за да може здружението да остварува добивка по други основи може да основа правно лице. Во случајот ова здружение нема основано правно лице кое може да остварува добивка за извршени услуги. На мое изненадување, во текот на 2016 година порталот до мене достави понуда за маркетинг со која ми понуди рекламен простор за месечен износ од 30.000,00 денари“, објаснува Стеваноски.

Адвокатот Стеваноски е изненаден од фактот дека како правник, претседателот на Здружението не ги познава законските прописи кои велат дека Здружението не може да врши трговска дејност „маркетинг“, а особено не рекламирање на адвокати на кои тоа со закон им е забрането.

Стеваноски побарал да му биде доставена понуда за маркетинг за конкретен период и профактура за услугата и уште тогаш им укажал дека начинот на кој Здружението се финансира е незаконит, заради што ќе иницира постапка пред МВР-ПС Прилеп со цел да се утврди законитоста на неговото материјално финансиско работење.

„Ова Здружение се финансира со средства од буџетот на Општина Прилеп и повеќе јавни претпријатија, без претходно донесени одлуки од управните органи и Советот на Општина Прилеп за издвојување на средства за таква намена. Ваквата практика на локалната самоуправа на злоупотреба на невладините организации и нивно незаконско финансирање е само еден од неколкуте примери за начинот на кој локалната власт успева да го креира јавното мислење како на локално, така и на централно ниво“, вели Стеваноски.

извор:publikum.mk

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account