Крвав инцидент во Велес: Го убил соседот, па објавил на „Фејсбук“

46- годишник со чекан ја скршил влезната врата на семејната куќа на соседот и го убил. Повредил уште четворица. По извршувањето на делото се вратил дома и на социјалните мрежи напишал дека ги убил „своите монструми“. Велешанецот е приведен. Истрагата е во тек, се открива мотивот за ваквиот свиреп чин.

Го ликвидирал соседот, ги повредил другите членови на неговото семејство, отишол дома и објавил на социјалните мрежи- „Ги убив своите монструми“. Вакво сценарио како на хорор филм се случувало во Велес. 46- годишен жител на градот е осомничен за убиство.

Според Јавното обвинителство, од засега непознати причини, изутринава околу 2 часот со чекан ја скршил влезната врата во семејната куќа на соседот, влегол во собата кај неговата 30-годишна ќерка и со чекан ја удрил по главата. Следна цел биле нејзините татко и мајка. Таткото бил смртно погоден.

Плач и викотници за помош чуле братот на починатиот и неговата сопруга кои живееле на другиот кат од куќата. Истрчале да видат што се случува. Но, и тие завршиле со чекан во глава. Велешанецот за кусо време бил приведен.Повредените биле донесени во велешката општа болница.

Извршен е увид на местото. Надлежен обвинител до Основниот суд во Велес доставил предлог за определување мерка притвор. Издал и наредби да се изврши обдукција на телото на починатиот.

Истрагата е во тек, се открива мотивот за ваквиот свиреп чин. Првично, од полицијата соопштија дека станувало збор за влошени меѓусоседски односи.

Share Button

уредник

Create Account



Log In Your Account