Пожарот кај Габалавци и Црновец е ставен под контрола.Во текот на ноќта на опожареното подрачје беа присутни екипите на ТППЕ Битола и ДЗС Битола

Состојба со пожарите на територија на Македонија до 8:00 часот

Југозападен плански регион

Во текот на вчерашниот ден пожарот кај Бистра планина, мв.Женска Планина, кој беше локализиран, повторно е активен на непристапнен терен. Истиот беше надгледуван од вработени од ШС „Лопушник“. Во текот на денешниот ден имаше врнежи од дожд во градот и околината, но екипата на ШС „Лопушник“ ќе продолжи со контрола на опожарената површина (опш.Кичево).

Пожарот на атарот на селата Грешница и Девич е ставен под контрола (опш.Македонски Брод).

Фотографија на Центар за управување со кризи на Република Македонија.

 

Пелагониски плански регион

Во текот на вчерашниот ден, пожарот во атарот на селата Габалавци и Црновец е ставен под контрола. Интервенираа екипи од ТППЕ Битола, МШ „Кајмакчалан“ Битола и ДЗС Битола. Зафатена е нискостеблеста шума и сува трева. Во текот на ноќта на опожареното подрачје беа присутни екипите на ТППЕ Битола и ДЗС Битола.

Исто така, пожарот во атарот на с.Никодин е локализиран. На терен остана дежурна екипа од ЈП „Македонски шуми“.

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account