НАЈНОВО :

ВОНРЕДНА ИНФОРМАЦИЈА за пожарите во Р. Македонија и состојба до 16:30 часот

Share Button

ВОНРЕДНА ИНФОРМАЦИЈА за пожарите во Р. Македонија и состојба до 16:30 часот

Фотографија на Центар за управување со кризи на Република Македонија.

РЦУК – Тетово:
– Околу 14:00 часот пријавен е пожар на депонијата во Тетово. Интервенираат 5 пожарникари со 2 ПП возила од ТППЕ – Тетово, 2 цистерни за дотур на вода од ЈКП Тетово и вработени од Жито полог кои интервенираат на делот од депонијата кој е во близина на нивната фабрика. Пожарот е активен.
– Пријавен е пожар во атарот на с. Стенче (опш. Гостивар). Гори сува трева, стрништа и ѓубре. Постои можност пожарот да се прошири кон селото и кон борова шума. Интервенираат 2 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ – Гостивар, 4 вработени во ШС Шар и месно население. Пожарот е активен.

РЦУК – Велес:
– Пожарот во атарот на с. Џидимирци сè уште е активен. Интервенираат 4 вработени од ШС „Бабуна“. Од лице од предавателот на Црн Врв добиена е информација дека во должина од 1 км на повеќе места се забележуваат задимувања.
– Пожарот кај с. Богомила кај тунелите на железничката линија Велес – Битола е изгаснат. На овој пожар интервенирала екипа од 6 вработени во ШС „Бабуна“.
– Пожарот во атарот на с. Крушевица (опш.Росоман) е ставен под контрола. Екипите – 10 вработени во ШС „Бор“ – Кавадарци, 4 пожарникари од ТППЕ – Кавадарци и 4 лица од ЕЛС Росоман се на терен и вршат негова ликвидација.

РЦУК – Битола:
– Шумскиот пожар во атарот на с. Горно село во близина на манастирот Трескавец е во мирување. Од мештаните добиена е информација дека не се забележува задимување на местото на пожарот. Заради непристапниот терен на кој што гори екипите од ТППЕ – Прилеп се повлечени но доколку има потреба за интервенција ќе интервенираат во текот на денот.

РЦУК – Струмица:
– Од 12:45 часот пријавен е пожар во атарот на с. Казандол кон с. Фурка. Гори сува трева и мешана деградирана шума. Интервенираат 10 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ – Валандово и 20 вработени во ШС Валандово. Пожарот е активен.

РЦУК – Охрид:
– Околу 13:30 часот пријавен е нов пожар во атарот на с. Грешница (опш.Македонски Брод). Со пожарот е зафатена сува трева и смрека. Интервенираат 2 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Македонски Брод и 5 вработени во ШС Сандански – Македонски Брод. Пожарот е активен.

уредник

Related Posts

ЈО ќе постапува по заканите за претседателот на ЗНМ

Коментарите се исклучени на ЈО ќе постапува по заканите за претседателот на ЗНМ

Create Account



Log In Your Account