Вработени во УЈП помагале фирми и претпријатија да не плаќаат данок

37 приватни фирми и јавни претпријатија во текот на 2015 и 2016 година намерно биле изземани од списоците за присилна наплата на данок на добивка, изјави в.д.директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на денешната прес конференција. Таа рече дека врабтени во Управата од кои дел и раководни лица изземале некои фрими од плачќање данок на добивка.

Лукаревска рече дека не може да го открие имињата на овие фирми затоа што според Законот за даночно работење тоа се смета за даночна тајна.

-Овие фирми се наоѓаат на листата на должници кои секоја година ги објавува УЈП и се од различни дејности. Засега се води дисциплинска постапка за вработени во Управата кои биле вклучени во ова дело, рече Лукаревска.

Сите фирми се од Скопје и се преземаат дејства за расчистување на случајот.

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account