МТСП во соработка со општина Ресен постави инклузивни игралишта за деца

Share Button

Министерството за труд и социјална политика продолжува со спроведување на активности за подигнување на свеста во општеството и учење на различностите од најмалите години.

Како дел од својата одговорност и визија за постигнување на инклузивно општество во соработка со Националниот сојуз на лица со телесна попреченост Мобилност и со поддршка на Општина Ресен Министерството  за труд и социјална политика постави комплетно ново игралиште со реквизити кои се достапни на децата со инвалидитет.

Проектот за инклузивни детски игралишта подразбира оформување на простор со реквизите достапни за децата со инвалидитет со цел на дечињата да им се обезбеди безгрижна игра, но и да се  социјализираат и да им се овозможи поттикнувачка средина за правилен раст и развој.

Напишете коментар