Ние сме должни пред другите не да се воздигнуваме, туку да се смируваме

Светоотечки поуки за смирението

Св. Варсануфиј Велики и Јован Пророк

† Првото смирение се состои во тоа братот да го сметаш поразумен и во се’ подобар од себе, или себеси да се сметаш за најмал од сите. Второто смирение, пак, се состои во тоа своите подвизи да ги препишуваш на Бога. Тоа е совршеното смирение на светиите.

† Во сите случаи треба да прибегнуваме кон смирението, зашто смирението лежи на земјата, а оној кој лежи на земјата, не може да падне. А оној, пак, кој се дига на високо, лесно паѓа.

 

 

Св. Григориј Богослов

† На смирените им се дава опростување на гревовите.

 

 

Св. Григориј Синаит

† Кога ѓаволот гледа дека некој живее плачејќи, тој таму не пребива, затоа што се плаши од смирението што доаѓа од плачот.

 

 

Св. Димитриј Ростовски

† Биди така смирен, како што си создаден смирено од Бога.

 

 

Св. Ефрем Сирин

† Блажен е оној кој секогаш доброволно се смирува себе си , затоа што ќе биде овенчан од Оној Кој доброволно Себе Си се смири.

 

 

Авва Исаија

† Смирение е да мислиш за себе дека си грешник и дека ништо добро не правиш пред Бога.

 

 

Св. Исаак Сирин

† Има смирение поради страв Божји, а има и смирение од љубов кон Бога.

 

 

 Св. Јован Златоуст

† Кој се правда пред Бога, нечист е, макар и да е посвет од сите луѓе; напротив, оној кој себеси се смета за последен меѓу сите, станува праведен.

† Покајанието го обновува паднатиот; плачот заради гревовите чука на небесните врати, а смирението ги отвора.

 

 

Св. Јован Кронштатски

† Ние сме должни пред другите не да се воздигнуваме, туку да се смируваме.

 

 

Св. Јован Лествичник

† Смирението е извор на расудување.

 

 

Св. Макариј Оптински

† Подобро е за нас, откако ќе ги согледаме своите падови, да се смируваме и неволно да се сметаме себеси за полоши од другите, отколку да ги гледаме своите божемни подвизи, а да на се потопуваме во длабочината на смиреномудрието.

 

 

Св. Максим Исповедник

† Како што оганот и водата не можат да бидат заедно, така и самооправданието и смирението се исклучуваат едно со друго.

 

 

Св. Нектариј Егински

† За да Го пронајдете Господа, смирете се себеси до прав, зашто Господ се гнаси од гордите, додека ги љуби и посетува смирените по срце. Затоа и вели: „Но, на кого ќе погледнам? На оној кој е со смирен дух и кој трепери од моите зборови“ (Ис. 66,2).

 

 

Старец Николај (Гурјанов) Залитски

† Смирението е како полн пченчен клас – колку е пополн и позрел, толку потешко и пониско паѓа кон земјата.

 

 

Авва Пимен

† Што значи да се верува? Да се верува значи да се пребива во смирение и милост.

 

 

Св. Серафим Соболев

† Без смирението, ниту една од добродетелите нема никаква спасителна сила за нас.

 

 

Св. Силуан Светогорец

† Сакам да се научам на смирение и Христова љубов, никого да не навредам и разжалостам, туку за секого да се молам како за самиот себе.

 

 

Св. Симеон Нов Богослов

† Оној што сака да биде мудар бидејќи ги минал сите науки и е упатен во надворешната мудрост, никогаш нема да се удостои да проникне во тајните Божји и да ги спознае, ако претходно не се смири…отфрлувајќи ја заедно со умисленоста и така добиената ученост.

 

 

Св. Филарет Московски

† Вистина е дека преку ден можат да се видат ѕвездите, но од длабочина. Длабочината мора да биде ниска и вертикална, недостапна за сончевата светлина. Колку човекот е подлабоко во своето смирение, толку подобро го гледа Небото.

Фотографија на Маран Ата  †  Православен Молитвослов.

Напишете коментар