Запалил сува трева и предизвикал пожар во црква

Полицијата од Прилеп поднесе кривична пријава против Р.К. од село Лажани, за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 16.08.2017 година околу 14:30 часот кај црквата ,,Св.Никола“ во село Лажани, додека пријавениот напасувал добиток во близина на црквата, запалил сува трева со што предизвикал пожар кој се проширил на местото и во дворот на црквата ,,Св. Никола“ при што пожарот зафатил површина од околу 2.000 метри квадратни.

Напишете коментар