Во кои држави граѓаните имаат најздрав живот

Кога е во прашање здравиот начин на живот, во игра се многу клучни фактори кои претежно се индивидуални – здравата исхрана, редовното вежбање, постојаната активност и слично. Но, земено во поголеми размери, многу често врз начинот на живот влијае и самиот менталитет на народот, навиките во исхраната, како и националната кујна.

Во склоп на тоа, Блумберг направи рангирање на државите од светот, според тоа колку здрав живот имаат нивните граѓани. Во ова истражување, предвид биле земени повеќе фактори како животниот век на граѓаните, колкав процент од нив се пушачи, статистички податоци во врска со холестеролот во крвта, крвниот притисок, како и најчестите причини за смрт.

Според податоците, ова се првите десет држави каде граѓаните имаат најздрав живот:
1. Сингапур
2. Италија
3. Австралија
4. Швајцарија
5. Јапонија
6. Израел
7. Шпанија
8. Холандија
9. Шведска
10. Германија

Според ова рангирање, Македонија се наоѓа на 43 место. Од земјите од регионот, пред нас е Албанија (38), Хрватска (36), Босна и Херцеговина (34) и Грција (16). А зад нас остануваат Бугарија (73) и Србија (74).

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account