Османи: ДУИ сака на позицијата обвинител да дојде Албанец, но битно е да биде експерт

Османи: ДУИ сака на позицијата обвинител да дојде Албанец, но битно е да биде експерт

Share Button

Да се почитуваат Законот и процедурите, да се избере експерт што ќе биде партиски неутрален и кој ќе го врати достоинството на институцијата, рече денеска вицепремиерот Бујар Османи, одговорајќи на новинарско прашање во врска со назначувањето нов државен јавен обвинител.

Image result for бујар османи

Пред почетокот на трибината за поголемо искористување на ИПА средствата, Османи нагласи дека ДУИ сака на оваа позиција да дојде Албанец, но пред се е битно, како што рече, тој да биде експерт.

„Секогаш бараме правична застапеност во институциите и тоа не е дел од какво било политичко влијание. Дури и во судството бараме да има судии Албанци, но тоа не значи дека Владата или ДУИ се меша во системот. Само сакаме да се почитува Уставот“, истакна вицепремиерот Бујар Османи.

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account