Со колкави финансии живее населението во Македонија?

Share Button

Во Македонија има големи разлики во месечните приходи. Според податоците што ги објави Министерството за финансии, овој феномен е со тенденција на пораст. Според министерот за финансии, Драган Тевдовски, нееднаквостите што постојат од аспект на приходите, претставуваат опасност за продлабочување на финансиската криза.

Бранимир Јовановиќ, советник во Министерството за финансии, изјави дека објавените податоци се земени од Управата за јавни приходи, каде секој граѓанин има обврска да ги пријави своите приходи. Според објавената анализа, една третина од граѓаните живеат со месечен приход од само 170 евра.

Високата нееднаквост на приходите ја потврдува и фактот дека 775 лица имаат приходи од над 100 илјади евра. Нивната заедничка годишна добивка од 190 милиони евра е еднаква на сумата на приходите на 210 илјади граѓани кои се со најниски месечни приходи.

ТВ 21

уредник

Related Posts

Матеј не може да оди на училиште – Министерството за здравство не му обезбедило лекови

Коментарите се исклучени на Матеј не може да оди на училиште – Министерството за здравство не му обезбедило лекови

Тројца обвинети за настаните од 27 април излегуваат од притвор

Коментарите се исклучени на Тројца обвинети за настаните од 27 април излегуваат од притвор

КАРАЏОСКИ-Дали Вие купувате боја за вапцување на јајца , или Ви се вапцуваат по дифолд јајцата?!

Коментарите се исклучени на КАРАЏОСКИ-Дали Вие купувате боја за вапцување на јајца , или Ви се вапцуваат по дифолд јајцата?!

Мајка од Неготино работи како кловн оти не ја примаат како воспитувач во градинка

Коментарите се исклучени на Мајка од Неготино работи како кловн оти не ја примаат како воспитувач во градинка

Create Account



Log In Your Account