Ја скршил рампата и од Косово влегол во Македонија, полицијата во потера по него

Share Button

Со автомобил ја скршил рампата на границата меѓу Македонија и Косово. Како што информира полицијата, вчера на „Блаце“ за влез во Македонија се пријавиле две лица на возраст од 24 и 28 години со адреси во скопска Гази Баба и селото Сингелиќ.

Откако полицијата забележала дека едно од лицата сака да влезе во Македонија со туѓ пасош го повикале на дополнителна проверка, по што овој додал гас на автомобилот и побегнал од границата кршејќи ја рампата.

Од МВР велат дека набрзо потоа автомобилот бил пронајден во селото Блаце но нема информации за бегалците. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account