Состојба со пожарите на територија на Македонија до 12:00 часот

Источен плански регион

Пожарот кај Македонска Каменица  на местото викано Сува маала е ставен под контрола. Сеуште има поединечни жаришта но пожарот не се шири. На терен се екипи на ТППЕ  Каменица, ЈП Македонски шуми и луѓе од месното население.

 

Пелагониски плански регион

Пожарот кај с.Дабница е ставен под контрола. Од утрово интервенираат 2 хеликоптери, а на терен се екипи од ТППЕ – Прилеп и ШС „Црн бор“ – Прилеп. Утрово се правени пресеци со моторни пили со цел спречување пожарот да се прошири во борова шума.

Во текот на вчерашниот ден, во попладневните часови пожарот кај селата Алдинци и Норово е ставен под контрола. За целосно гасење се ангажирани екипи на ТППЕ – Крушево и ШС.

 

Југозападен плански регион

Пожарот на атарот на с.Преглово – општина Пласница е ставен под контрола и нема опасност од негово проширување. Во гасњето на пожарот учествувале екипи од  ШС и ДЗС.

Шумскиот пожар во атарот на с.Букојчани-Кичево  е локализиран.

 

Северен плански регион

Пожарот над с.Црн Врв е со намален интензитет. Интервенираат од ШС „Караџица“ – Скопје.

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account