СЈО го гони Кочан за нерегуларности во тендер на Трансмет, излезе од менаџерските позиции на „Трансмет“ и пак ќе добие тендер

Компанијата „Трансмет“ во сопственост на семејството на Сеад Кочан, нема да може да биде искклучена од Акционерското друштво. Тие велат дека иако знаат дека Кочан е под кривичен прогон, правното лице не е, а Кочан излегол од сопственичката структура.АД ЕЛЕМ нема можност да го исклучи од понатамошно учество тоа правно лице, иако структурата на сопственост е променета. АД ЕЛЕМ побара од наведеното лице и доказ дека неговата сметка не е блокирана, по што писмено беше известен дека сметката на компанијата не е блокирана, што на истата и дава законска можност да учествува на било кој државен тендер, велат во писментото соопштение испратено денеска.

Од ЕЛЕМ објаснуваат дека ова била најниската досега дадена цена за ископ на јаглен и јаловина за потребите на РЕК Битола. Аукцијата се одржала на 25.08. 2017г., а во претквалификацијата учествувале 6 фирми, од кои 5 продолжиле во понатамошната постапка. Последната и најниска понуда од 44 денари дала. фирмата ,,ТРАНС МЕТ ДОО,, Скопје.

Доколку по извршената проверка од страна на АД ЕЛЕМ се утврди дека аукцијата и целата постапка биле изведени регуларно и дека останува постигнатата цена од 44 денари за GJ, тоа ќе биде најниска досега постигната цена за ископ на јаглен за РЕК Битола, со оглед на тоа што за истата услуга во изминатите години биле плаќани и до 144 денари за GJ, велат од ЕЛЕМ.

Снаодливиот Кочан

Овој случај предизвика внимание во јавноста откако вчера медиумите обелодениа дека семејната компанија на Сеад Кочан повторно ќе добие милионски тендер на ЕЛЕМ додека истиот бизнисмен е гонет од Специјалното јавно обвинителство за случајот „Труст“ токму за нерегуларности при доделување на тендер на ЕЛЕМ.

Сеад Кочан не сакаше да оди во притвор, па отиде на таинствен службен пат и го немаше се до моментот  кога Апелација реши да го укине неговиот притвор. Бо меѓувреме излезе од менаџерските позиции на „Трансмет“ и ја постави неговата сопруга, а неговите фирми добиваа тендери.

Во „Труст“ се осомничени три правни и три физички лица. Станува збор за фирмите „Трансмет“ од Скопје,, „Силекс“ од Кратово и „Вато“ од Студеничани.

Share Button

уредник

Create Account



Log In Your Account