Битолчани го чествуваат Успението на Пресвета Богородица

Share Button

Православните христијани денес го чествуваат Успението на Пресвета Богородица, празник кој се смета за заштитник на сите христијани, особено на  бремените жени.  По завршување на двонеделниот пост, синоќа во сите храмови на МПЦ се одржуваа вечерни богослужби и полноќно бдеење, а од утрово црквите и манастирите кои носат името на Мајката Божја беа полни со верници.Така беше и во битолскиот храм посветен на Пресвета.

И ова 28-мо августовско утро верниците ги посетуваа светите храмови, да ја примат светата причест, да запалат свеќа за здравје, среќа и бериќет и да наполнат шишња со осветена вода.

Успение на Пресвета Богородица се слави на петнаесетиот ден од месец август  или на 28 според новиот календар. Овој празник го слави успението, воскресението и прославувањето на Пресвета Богородица, и нејзиното преселување во Царството Божјо

Image result for Пресвета Битола

уредник

Create Account



Log In Your Account