Вработените кои заработија дисциплински оти не оделе на работа, а земале плата, се жалат во Антикорупциска

Антикорупциската комисија поведе постапки по барање на  административците, за кои Владата тврди дека со години зимале плата, а не оделе на работа. 33 административни службеници се пожалиле дека генералниот секретар Рашковски, спротивно на Изборниот законик, сега во предворјето на изборите повел дисциплински постапки поради недоаѓање на работа.

„Предлагам на комисијата да побара информации од генералниот секретаријат на Владата, дали е покрената постапка за престанок на работен однос на овие лица и ако е покрената кога е покрената, по кој член од законот  за јавни  административни службеници и истата да се достави   во копија верна на оригиналот  до Државнат комисија за спречување на корупција“, вели Игор Тантуровски – претседател на Државната комисија за спречување на корупција.

Рашковски рече дека дисциплинските постапки се стопирани на време и не е прекршен Кривичниот законик. Ќе поднесе кривична пријава против поранешниот генерален секретар Кирил Божиновски, но ќе бара одговорност и од вработените кои седеле дома.

„Овој број на лица кои низ годините наназад  не доаѓале на работа, а биле примени  во генералниот секретаријат од 2015 година наваму се намалува и доаѓа до бројката од шеесетина луѓе од причина што во 2015 година тој број на лица што не доаѓале на работа, а земале плата изнесувал 600“, вели  Драги Рашковски –  генерален секретар на Владата.

Рашковски викендов соопшти дека 166 административци со години не доаѓале на работа, а само минатата година го оштетиле буџетот за над 800 илјади евра.  Владата има рок од најмногу 15 дена да и достави податоци,  но антикорупциска  нема рок за донесување на  конечна одлука дали имало прекршувања на Изборниот законик.  Но Тантуровски тврди дека ќе донесат одлука штом ќе ги добие потребните документи.

До Комисијата се пожали и поранешната директорка на скопското биро за вработување, која била сменета на работно место пониско за пет нивоа, а добила решение и за суспензија.

Веднаш по доаѓањето на власт, Владата обелодени дека со години административци не доаѓале на работа, а земале плата. Вакви вработувања, освен во Генералниот секретаријат има и во Секретаријатот за спроведување на Раковниот договор.

Напишете коментар