Рашковски со кривична пријава против Кирил Божиновски поради вработувањата во Владата

Рашковски со кривична пријава против Кирил Божиновски поради вработувањата во Владата

Share Button

Поранешниот генерален секретар Кирил Божиновски со вработување на 600 лица во Државниот секретаријат кои земале плата, а не оделе на работа го оштетил буџетот на Република Македонија за 824 илјади евра, обвини на прес-конференција генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски. Тој најави дека се поведени дисциплински постапки против 60 лица, а ќе биде поднесена кривична пријава и против поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски.

Рашковски со кривична пријава против Кирил Божиновски поради вработувањата во Владата

Тој рече дека вработените лица во Државниот секретаријат имале обврска да доаѓаат еднаш во неделата само за да се потпишат дека се присутни на работното место, а останатите четири дена немале никакви обврски.

Според Рашковски, од 2015 година, откако опозицијата во јавност ги пушти „бомбите“, бројот на вработените кои не доаѓале на работа во Државниот секретаријат драстично се намалува, односно од 600 бројката се спуштила на 60 вработени кои земале плата без да одат на работа.

уредник

Related Posts

„Македонија“ и „Предавници“ ечеше пред Собрание – денеска ќе се протестира додека трае седницата

Коментарите се исклучени на „Македонија“ и „Предавници“ ечеше пред Собрание – денеска ќе се протестира додека трае седницата

Заев тврдеше дека е противуставно униформите на полицијата да бидат двојазични

Коментарите се исклучени на Заев тврдеше дека е противуставно униформите на полицијата да бидат двојазични

Фотогалерија од вчерашниот протест во Битола

Коментарите се исклучени на Фотогалерија од вчерашниот протест во Битола

СЕ СРУШИ МОСТ ВО ПРИЛЕПСКО: 200 луѓе заглавени!

Коментарите се исклучени на СЕ СРУШИ МОСТ ВО ПРИЛЕПСКО: 200 луѓе заглавени!

Create Account



Log In Your Account