Камион удри во надвозник на патот Крива Паланка-Куманово

Share Button

Камион со црногорски регистарски таблички кој влечел приколка со вилушкар попладнево удрил во надвозник на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово.

Сообраќајот е во прекин од 17 часот, а во несреќата нема повредени лица.

Од СВР Куманово информираат дека товарното возило марка „Волво“ се движело од Крива Паланка кон Куманово и во близина на населбата „Карпош“ удрило во надвозникот при што од камионот се одвоила приколката. Камионот бил управуван од српски државјанин, 48-годишниот А.С.

Надлежните служби работат на отстранување на камионот и на приколката.

Напишете коментар