На магистралниот пат Битола-Ресен се случила сообраќајна незгода

На 29.08.2017 година во 14.50 часот на магистралниот пат Битола-Ресен се случила сообраќајна незгода во која Н.Ц. (23) од с.Маловиште, управувајќи патничко возило „Хјундаи Пони“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контола над возилото, преминал на спротивната страна и излетал од коловозот. Во незгодата Н.Ц. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил задржан на понатамошно лекување во Клиничка болница Битола. Сопатникот во возилото, М.П. (55) од Битола, исто така, се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен и задржан на лекување во Клиничка болница Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

Напишете коментар