Прилеп:Ја избркал девојка му од работа – му го полил автомобилот со бензин и му го запалил

Share Button

Прилепската полиција поднесе кривична пријава против З.К. (28) од с.Кривогаштани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.

Ноќта помеѓу 13 и 14 август пријавениот со запалива течност го полил и го запалил возилото марка форд скорпион, сопственост на Г.Р.

Оштетениот претходниот ден и дал отказ на девојката на пријавениот, која што работела во неговата кафеана како келнерка, соопшти полицијата.

Напишете коментар