Ние сме убај,златни и горди деца на Битола,најградски асли Битолчани!

Share Button

БИТОЛЧАНЕЦ

Да си рисјанин и да се восхитуваш на убавината на Исак,Јени,Кади Џамија..
Да си турчин или албанец и да ја сакаш Саат кулата градена од христијани…
Да си Евреин и со ќеф да кажеш дека твоето потекло е од Монастирли…
Да си и едното,другото и третото почитувајќи меѓу себе,дружејќи и сакајќи…
Како Ататурк и Елени некогаш…
Фросина и Али Паша…
Евреинчето Стефа кој сакаше рисјанче да стани…
Маноил војвода и жолтана еврејка…
момчето рисјанче и убавата бегова ќерка…
најмалиот внук на Поп Никола со намалата и најлична Турска царева ќерка,
Љубов забранета…
Како поради љубов потурчената Јаглика…
Или девојчето кое од Еврејче биднало Славјанче – Марие,лепа Марие…
Вистински битолчани…
Нашите цркви се и наши џамии,заедно со нашите убави куќи Еврејски,
исто како што е нашето небо заедничко…
со сонце,ѕвезди и месечина…

Ние сме убај,златни и горди деца на Битола,најградски асли Битолчани!

Споделете во името на мирот,разумот и соживотот.Со почит

[фотографија на Bitola Art & Architecture]

Напишете коментар