Шетам така по корзо и гледам чупињата накитени, накитени мислиш сите се викат Елка

Битолските чупиња

А, ова е болна тема и ќе има уште ногу текстој за ова ама ете да речиме се деси нешто па да резимираме:

Image result for битолско корзо

Шетам така по корзо и гледам чупињата накитени, накитени мислиш сите се викат Елка. И сеа гледам ситуација табор жени и табор мажи, а мешање – јок. Иста ситуација ако му напрајш на некоја муабет на корзо ко на пример „здраво“ или „да се запознајме“ или шта ти ја знам како, добиваш иста реакција: те поминва без да ти речи ништо. И сеа кој е магаре не знајш дали таја или ти. Ај си реков корзо можи многу јавно место, да не ја зборат зато така прат…значи да видиме ф кафич шо ќе биди:

И… па бе исто срање: табор жени, табор мажи… контакт меѓу нив ни под разно.

Ај па да пробаме со запознавањето… шооо! Пак не те ферма! Аман бе пичка му матер шо е муабето? Зошто се толку многу облечени убо, стегнати, да ти застани окото? Ако некат мажи шо се облекват така уопште алоо? Абе не е за да е грд некој или убав тој шо ќе му се пушти, абе на сите то му го прат, не корпа туку одма те клава на ignore, да се чудиш. И сеа стварно не ми беше јасно и решив да се потрудам да ја решам вековната дилема со битолските чупиња… и гледав и гледам и… ми се скурчи од гледање и излегов од тој глуп кафич и пак на корзо… Седнав на клупите ВПШ (Ваша Последна Шанса) карши драгсторо (шо сеа го нема) и се мислам се мислам и ми текна, конечно ми текна шо е муабето!:

Знајте за кој се облекват толку убо? За другите жени! За да му покажат на другарките кој купил поуба работа вчера и да викат тие:
– „Але шо си уба денес, како манакенка си“. А дечките? Абе кој ги шмиргла дечките и онака тие се 15-16 години и не му е умо уште во такви работи и џабе се силат дечките, а на тие шо се поголеми и умо шо му е веќе во то или чекат да дојдат скопјаните или странците или се веќе ојдени со нив во странство или во…Скопје.

Напишано од Борче од Битола

 

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account