Битола како град на конзулите

Share Button

Градот на конзулите е второто име за градот Битола. Во врвот на својата слава, Битола имала дваесет конзулати, но постепено со слабеењето на државата, со доаѓањето на династијата Караѓорѓевиќ на власт, а подоцна икомунизмот, тој број постепено опаѓал до само неколку конзулати. Со независноста на Македонија, повторно почнуваат да се отвораат конзулати и градот го добива својот некогашен сјај.

За време на Отоманската Империја, градот имал многу конзули од сите значајни земји, па Битола се сметал за конзуларен град. На 26 јули 1903, на влезот во градот бил погубен рускиот конзул Александар Аркадјевич Ростковски, борец за правата на угнетената православната раја. На местото на погубувањето денес стои голем руски крст.

 

Напишете коментар