Дрвосечач од Берово загина откако врз него паднало дрво

Share Button

Педесетгодишен сечач на дрва од Берово денеска околу пладне го изгубил животот додека со пријателите сечеле дрва во шума над беровското село Владимирово.

– Несреќата се случила пред 12 часот, кога дрво бука паднало врз Д.М. роден 1967 година, при што лицето се здобило со тешки телесни повреди и веднаш со возило на пријателите е транспортирано за Берово, а во меѓувреме е повикана и екипа на Итна медицинска служба која ги пресретнала по патот, а дежурниот лекар при извршениот преглед констатирал смрт на тешко повредениот сечач, рече Гордана Панајотова, портпарол на СВР Штип.

Таа истакна дека надлежните истражни органи попладнево се на лице место и вршат увид, но според првичните индиции, станува збор за несреќен случај.

Инаку, несреќниот сечач бил оженет и татко на три деца.

уредник

Related Posts

Драма пред ноќен клуб во Битола- еве ги деталите

Коментарите се исклучени на Драма пред ноќен клуб во Битола- еве ги деталите

57-годишен битолчанец пријавил дека исчезнала неговата 32-годишна ќерка

Коментарите се исклучени на 57-годишен битолчанец пријавил дека исчезнала неговата 32-годишна ќерка

На патот Битола-Демир Хисар, битолски „Цитроен“ удрил во осумгодишно дете од с.Кукуречани

Коментарите се исклучени на На патот Битола-Демир Хисар, битолски „Цитроен“ удрил во осумгодишно дете од с.Кукуречани

МВР објави фотографија од лице кое го бара во врска со нападот на пратеникот Горан Милевски

Коментарите се исклучени на МВР објави фотографија од лице кое го бара во врска со нападот на пратеникот Горан Милевски

Тетовец се заканувал со пиштол бидејќи не му дале невеста

Коментарите се исклучени на Тетовец се заканувал со пиштол бидејќи не му дале невеста

Create Account



Log In Your Account