ЏЕНИФЕР ЛОРЕНС ПРЕКРАСНА НА ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО ВЕНЕЦИЈА

Share Button

Оскаровката Џенифер Лоренс пристигна на неделата посветена на филмскиот фестивал во Венеција за промоцијата на својот нов филм “Mother”.

27-годишната ѕвезда пристигна на аеродромот во придружба на своето момче, режисерот Дарен Арнофски, ова е нивно прво појавување во јавност како пар.

Таа промени три различни изгледи помеѓу кои највпечатлива беше раскошната полу-прозирна тоалета од модната куќа Christian Dior со цветни детали која ја носеше на црвениот тепих во комбинација со сребрен накит. Додека на прес-конференцијата носеше тоалета со потписот на Giambattista Vali во готик стил со длабоко деколте.

Напишете коментар