НАЈНОВО :

Дали се молите,на кого и зошто? СВЕСНОСТ И НЕСВЕСНОСТ

Share Button

СВЕСНОСТ И НЕСВЕСНОСТ

Што гледаш кога ќе погледнеш во огледало?

НЕСВЕСНОСТ:Гледам преубава коса и очи;гледам усни по кои сите лудуваат;ммм гледам поглед со кој секоја би ја оборил;гледам будала;гледам глупача;гледам лузер;гледам идиот…
СВЕСНОСТ:Гледам свест која се искушува;гледам ентитет способен за се,затоа што тој е СЕ.

Што би направиле доколку на Лото би добиле голема сума на пари?

НЕСВЕСНОСТ:Опааа,па прво што би купил…;ма ќе се пијанчам до коска;па незнам…повеќето би ги дал во добротворни цели;пола ќе ги раздадам,пола ќе ги оставам за себе;ууу,би купил добра кола;не не,мотор;ма немам појма,ќе изнакупам се…
СВЕСНОСТ:Ќе продолжам да живеам…би му дал некому ако му се потребни.

Што е за вас Животот?

НЕСВЕСНОСТ:Па види сега…;не сум сигурен;незнам колку е точно;мислам дека некој велеше…
СВЕСНОСТ:СЕ!

Што планирате во животот?

НЕСВЕСНОСТ:Па да запишам добар факс;да завршам факс;да најдам добра работа;да постанам важна личност;да бидам правник;да бидам доктор…
СВЕСНОСТ:Да живеам.

Колку сте свесни за самите себе?

НЕСВЕСНОСТ:Пааа…не го разбирам прашањето;мислам дека сум многу свесен;кога сум пијан сум најсвесен;јас сум секогаш свесен;сакаш да кажеш дека сум глуп?!
СВЕСНОСТ:Недоволно

Што е за вас љубов?

НЕСВЕСНОСТ:Па тоа е кога имам некој кој ме сака и јас него;ма љубовта не постои друшкане,тоа е само илузија;да,имав љубов но ми се здосади;љубов?;љубовта е нешто супер чувство нешто преубаво…
СВЕСНОСТ:СЕ!

Што мислите за некој кој се фрлил од зграда?

НЕСВЕСНОСТ:Ма будала;лудак;тежок е животот пријателе;ма кој го е*е,битно не е некој кој го знам;тажно е тоа;кој му е крив ка е глуп;ах несреќник морал да има проблеми;жално за родителите;мора да било поради љубов…
СВЕСНОСТ:Не би мислел,туку би пробал да го разберам.

Имате шибица и влегувате во мрачна соба.Што ќе запалите прво:печка,свеќа или петролејка?

НЕСВЕСНОСТ:Па печката,да ме грее ако е ладно;свеќата,ме опушта;јас петролејката,после можам другото ако затреба.
СВЕСНОСТ:Шибицата

Дали се молите,на кого и зошто?

НЕСВЕСНОСТ:Да,на Бог,бидејќи е Семоќен и ги слуша моите молитви;да,на Аллах,бидејќи тој е патот на Исламот;не се молам бидејќи Бог не постои.
СВЕСНОСТ:Не,бидејќи мојот Творец е во мене,а јас во Него,ние сме едно,притоа ако се молам Нему,би се молел на себе,а тоа нема смисла,затоа што Бог е во мене,а јас во Него.

Од кои националности ви се пријателите?

НЕСВЕСНОСТ:Ма ги имам од повеќе;само македонци,албанците не ги поднесувам;строго албанци,други да не видам;па имам и македонци и албанци и други…
СВЕСНОСТ:Јас имам само пријатели.

Image result for зајдисонце

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account