Две солзи му потекоа низ образите. Тој замолкна и заспа

ЗАШТИТАТА НА ПРЕСВЕТАТА БОГОМАЈКА

Фотографија на ПравославноСлово.
Еден ден, вадејки вода од бунарот, Нифонт, под демонско дејство, се лизна и почна да паѓа. Му се закануваше сигурна смрт. Но додека паѓаше, држејки ја во раце стомната, извика со сета сила:
ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, ПОМОГНИ МИ!
Во истиот момент се најде како стои надвор од бунарот. тој тогаш се увери дека Пресвета Богородица го чува насекаде и секогаш, затоа нејзинотот свето име не го симнуваше од усните.
Еднаш Нифонт тешко се разболе. Времето поминуваше, но не му беше подобро. Сепак, тој не губеше надеж и не ропташе. Само повторуваше:
СЛАВАНА БОГА! СЛАВА НА БОГА! СЛАВА НА БОГА!
Во молитвите секогаш прибегнуваше кон Пресвета Богородица повикувајки ја да му дојде на помош.
Дојде големиот празник Воскресение, а тој се’ уште лежеше болен во постелата. Помина неделата на кршење лебови(Томина недела), помина и неделата на Мироносиците, но состојбата му остана каква што беше.
Дојде понеделникот во пресрет на Преполовение на Педесетница. Лежејки во постелата со болки, како и секогаш, го славеше Бога. Но во него раснеше желбата да се причести на Педесетница. И така, во еден момент го подигна погледот нагоре, длабоко воздивна и рече:
ГОСПОДИ БОЖЕ МОЈ,
ТИ КОЈ ПРАВИШ ЧУДА,
ТИ ЕДИНСТВЕН БОЖЕ,
ПОДИГНИ МЕ ОД ОВАА БОЛЕСТ;
ЗА ДА СЕ УДОСТОЈАМ И ЈАС ДА СЕ ПРИЧЕСТАМ
СО СВЕТИТЕ ТВОИ ТАЈНИ.
БИДЕЈКИ МНОГУ ЗАЖЕДНИ ДУШАТА МОЈА
ДА СЕ НАСИТИ СО НЕПОРОЧНОТО ТЕЛО ТВОЕ
И ДА СЕ НАПИЕ СО ЧЕСНАТА КРВ ТВОЈА.
Две солзи му потекоа низ образите. Тој замолкна и заспа. Тогаш здогледа во сонот две скромни жени, облечени во облека до земјата, налик на мироносиците, ккао доаѓаат кон неговата постела. Едната, што одеше напред, беше облечена во порфир и држеше во раката маслинова гранка. Другата, што одеше по неа, беше попросто облечена и носеше во едната рака мал пехар со осветена вода, а во другата, хартија попрскана со свештен елеј.
Застанаа пред него и првата свртувајки се кон другата ѝ рече:
КАЖИ МИ АНАСТАСИЈО, ОД ШТО БОЛЕДУВА МОМЧЕВО?
Тој, моја Госпоѓо, се разболе поради својот јазик. Кога му беше добро, на неговата брбливост и празнословие им немаше мерка. Затоа сега, согласно праведниот Божји суд, казнет е со оваа болест,
ЗА ДА НЕ БИДЕ ОСУДЕН ЗАЕДНО СО СВЕТОТ.(Кор. 11, 32)
во следниот живот. Него Бог Го воспитува со оваа казна, бидејки многу го љуби. А ти, моја Госпоѓо, ако сакаш да го помилуваш, направи го тоа и не се колебај.
Ајде да го земеме со нас таму каде што одиме и да му ја предадеме богатата Божја милост – рече првата жена.
Другата го фати за рака и не го пушташе се’ додека не стигнаа до еден огромен храм, посветен на Светите апостоли.
Онаа што беше облечена во порфир ѝ рече на другата:
Соблечи му ја целата облека и стави го гол пред свештениот олтар.
Кога ја изврши нејзината наредба, таа повторно проговори.
Влези во олтарот и донеси ми го незгасливото кандило кое секогаш гори на светиот жртвеник.
Другата жена и тоа спремно го направи. Засучи си ги ракавите и помажи го со елејот од глава до петици.
Таа веднаш го изли на Нифонт елејот од кандилото и со рацете го размачка по целото тело. Потоа повторно го облече во неговата облека.
Еве, Владичице моја, направив како што ми рече.
овој човек овде е човек на милосрдието – рече таа со насмевка.
Затоа и ние му се смилуваме. Нека биде здрав отсега!
Потоа се заврти кон Нифонт и му ја даде маслиновата гранка што дотогаш ја држеше.
Размисли добро за доброчинството на кое се удостои. Никогаш не го заборавај. И оваа гранка како што ти ја давам е знак и доказ на ова доброчинство. Денес на тебе се излеа милоста на Себлагиот Бог. Отсега ќе бидеш во војна.
Ќе се бориш против демоните и ќе ги кршиш како трева и сламки.
Нифонт падна пред нејзините нозе и ѝ се поклони.
Но веднаш се разбуди…
Беше вон себе поради сонот. Пресветата Богомајка и Света Анастасија го посетија, испратени од Господа!
Тој веднаш се почувствува силен и здрав.
Следниот ден стана, јадеше добро и со леснотија се движеше низ куќата. На Педесетница отиде в црква. Таму почувствува длабоко умиление и духовна топлина. Штом влезе во храмот, некаков неземен мирис го обви и го исполни со сладост и радост.
Застана наспроти олтарот, а од усните му се излија благодарствени зборови кон Себлагиот и Семилостивиот Бог:
ПРОСЛАВЕН ДА СИ, СВЕТИ, ТРИСВЕТИ,
НАДНЕБЕСЕН СЕДРЖИТЕЛУ БОЖЕ,
ШТО МЕ ЧУ, МЕНЕ ГРЕШНИОТ;
И МИ ПОДАРИ ЗДРАВЈЕ,
НА ТЕЛОТО И НА ДУШАТА.
И СЕГА, ГОСПОДИ МОЈ ИСУСЕ ХРИСТЕ,
УДОСТОЈ МЕ ДА СЕ ПРИЧЕСТАМ
СО ТВОИТЕ СТРАШНИ, БЕСМРТНИ
И ЖИВОТВОРНИ ТАЈНИ,
ЗА ПРОСТУВАЊЕ НА МОИТЕ ПРЕГРЕШЕНИЈА
И ОБНОВУВАЊЕ НА МОЈАТА ДУША.
Остана таму стоејки молитвено додека не се причести. Го почувствува присуството на Светиот Дух и се исполни со небесна сладост.
Извор:
СВЕТИ НИФОНТ+
ПОДВИЖНИК МЕЃУ ЕПИСКОПИТЕ
(Преземено)

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account