Во Софка се играше и оро а денеска сите се дружиме на интернет

Share Button

Убаво е што сепак се уште низ градот се собираат битолски друштва.Порано немаше обезбедувања како денес по локалите.Позната беше и Софка.Во тоа време да отидеш во Софка се кажуваше со гордост.Таму се правеа и игранки се играа и ора а денес забави во кафулињата.Во времето кога сите одеја во Софка немаше толку многу ни кафулиња.Сепак битолчаните ја зачуваа друштвената традиција за да се соберат во некој кафич или ресторан. Најчесто се збираат со некој повод, роденден, веридби, и така натаму.

Широк сокак пак остана како што си беше ,се вртат пак кругчиња ибги сретнуваш сите познати.Порано секое друштво си имало свое место на  сокакот и секоја вечер истото друштво се собирало на тоа место. Денеска сепак се повеќе дружењето е на интернет а и комуникацијата но и на Фејсбук не изостануваат заеднички фотографии од денешните друштва .Секое време со себе си носи начин на дружење,но она во времето на Софка позната битолска кафана останува да се прераскажува низ генерациите…..

Напишете коментар