Нешто што се гледа еднаш во животот: НАСА сними соларен блесок

Во текот на вчерашниот ден биле забележани две силни соларни бури на Сонцето, од кои втората била најинтензивна во последните девет години кога започнал новиот сончев циклус, соопштија од НАСА.


Овие соларни бури кои што можат да ја пореметат работата на комуникациските сателити, GPS и електричните мрежи била детектирана и снимена од Соларно-динамичката опсерваторија при американската вселенска агенција НАСА.
Според Вселенскиот центар за временска прогноза, овие ерупции од “X” категорија речиси еден час им попречувале во работата на високофреквентните радио комуникации на Земјата, како и на нискофреквентните комуникации кои што најчесто се користат за навигација, пренесува „АФП“.

Моменталниот соларен циклус кој што започна во 2008-ма година, покражува дека активностите се во опаѓање, отворајќи го патот до таканаречениот „соларен минимум“.
Еден соларен циклус во просек трае околу 11 години, а во завршната фаза ерупциите стануваат се поретки, но и натаму тие можат да бидат прилично моќни. Соларните блесоци настануваат како резултат на акумулацијата на магнетната енергија на едно место. Овие млазови на јонизирачка материја се испуштаат со огромна брзина во активните региони околу сончевите дамки.

 

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account