Кривична пријава за тројца скопјани кои ограбија бензинска на автопатот Велес – Скопје

Share Button

Против тројца скопјани поднесена е кривична пријава поради основано сомнение дека сториле кривично дело „разбојништво“.

Тие се осомничени дека на 6 септември ја ограбиле бензинската пумпа на автопатот Велес – Скопје кога со закана со пиштоли одзеле околу 30 илјади денари од вработената.

Кривичната пријава е поднесена против А.А. (24), Л.Ј. (18) и Д.Д. (26). Тројцата се договориле да се сретнат на паркинг простор на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ за потоа да ја ограбат бензинската пумпа. Кон бензинската пумпа се упатиле со патничко возило „Ауди-80“ сопственост на Д.Д, а кога стигнале А.А. и Л.Ј. маскирани влегле и со закана со пиштол го одзеле дневниот промет.

По пријавување на настанот во СВР Скопје, тим од единицата „Алфа“ тргнал во потрага по возилото при што автомобилот е запрен на патот кој води од селото Јурумлери кон селото Долно Лисиче. Во возилото пронајдени се еден пиштол со рамка, една рамка за пиштол, гумени медицински ракавици и облека, кои биле предадени за вештачење. Уште еден пиштол, кацига за глава и еден ранец биле пронајдени на друга локација. Овие предмети, од возилото ги фрлиле А.А. и Л.Ј. кога забележале дека ги следат полициски возила. Тројцата пријавени биле приведени во полициската станица Гази Баба каде го појасниле начинот на кој го извршиле делото.

Истиот ден, со судски наредби, кај тројцата пријавени биле извршени претреси во домовите и други простории при што кај А.А. пронајдени се разновидни предмети кои се одземени и за кои дополнително ќе се прават анализи и проверки дали потекнуваат од кривични дела.

уредник

Related Posts

Полицаец лишен од слобода – пијан, физички ја нападнал својата сопруга а таа паднала во бессознание

Коментарите се исклучени на Полицаец лишен од слобода – пијан, физички ја нападнал својата сопруга а таа паднала во бессознание

МВР за сообраќајката на улица „Антон Попов“ во Скопје каде што Д.С удри со возило БМВ во пешак

Коментарите се исклучени на МВР за сообраќајката на улица „Антон Попов“ во Скопје каде што Д.С удри со возило БМВ во пешак

Драма пред ноќен клуб во Битола- еве ги деталите

Коментарите се исклучени на Драма пред ноќен клуб во Битола- еве ги деталите

Create Account



Log In Your Account