Од Битолската чаршија:За што најмногу зборува битолската чаршија?

Share Button

Битолската чаршија е најпозната по чаршиските разговори помеѓу граѓаните . И скоро секогаш низ тие муабети има половина вистина.Низ битолската чаршија секогаш има интересни  топ теми но во последниов период на прво место се политичките случувања  во градот на козулите.

Новост ќе излегува на терен покрај граѓаните (анкети) кои ќе бидат снимани со цел точно да биде пренесено размислувањето, ставовите, забелешките и слично на битолските граѓани.Со овој чекор целта е да бидеме поблиску до граѓаните и да ги пренесуваме нивните ставови, но не да правиме фб вести превземајќи фб статуси. А уште помалку да се водиме по принципот копи пасте. На новинарот местото му е помеѓу народот и да го пренесе размислувањето на граѓанинот без да менува или однапред договара.Доколку имате забелешки,критики  во поглед на оваа наша нова рубрика би ви биле благодарни да не известувате а истото важи и доколку имате пофалби и поддршка кон активацијата на граѓанската рубрика -Од Битолската чаршија.Рубриката ќе се објавува еднаш неделно преку фотографии и текстуален пренос на изјавите на случајно затекнатите граѓани.Видео снимките ќе бидат архивирани но  побарање на читатели за потврда на текстуалниот пренос може да бидат и објавени.

На самиот крај ќе ги замолиме , бидејќи претходно наидовме на сознанија дека одредени лица од информативни гласила во неколку наврати се обиделе да копираат наши рубрики, теми и сл, да создадат свои и да бидат свои, затоа што успехот е плод на различноста .Доколку пак немаат идеи слободно да ни се обратат ќе се погрижиме да им предложиме како да бидат свои и различни

Со почит-Новост Битола

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account