А да не залетавте многу со фалење беспотребно?

Денеска имавме можност да прочитаме нешто досега не видено ниту пак чуено. Политичар  немало одсега да се слика во црква! Ок тоа е одлично арно ама политичарот заборавил дека кога е во црква не е политичар, политичарот заборавил дека може да е во црква на крштевка каде е дозволено фотографирање од тој чин, за сликањето во црква се добива благослов. Се додека не разграничиме сами дека во црквата сме сите исти без разлика дали сме политичари, новинари,хигиеничари се дотогаш ќе има вакви фалења без потребно.  Политичарот е рамо до рамо во црквата внатре исто како и некој хигиеничар па и едниот ако се слика и другиот нема разлика.Дајте повикајте ги да се завземат за народот, нека се во црквата радост ќе ни е таму да ги гледаме за да се молат на Бога да им го осветлува патот да прават добрини по луѓето, та не туку величајте за изјави дадени за некои поени и да правите живи светци. Залудно нема да се сликаат кога некои упорно ги кренавте до небесата.Во однос на тоа да правеле добри дела за гладни болни и жедни вие сами потврдувате колку се потребни црковните добродетели. И за крај за сликање не сликање има духовници даваат благослов или обратно секој според послушанието од својот духовник. Патем и оној кој е за скромност никогаш не би се пофалил пред медиуми дека повеќе нема да се слика во црква , правилно тоа се кажува на исповед кај духовникот и понатака се постапува пак по благословот тивко и послушно. Дај не ни ги мачкајте очите и не мешајте ја црквата оти таа е Свето Нешто!

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account