Влада ќе ја укинува забраната: Алкохол ќе може да се купи нон стоп

Share Button

Во финална фаза се законските измени со кои ќе нема временско ограничување за продажба на алкохол, пренесува порталот Фактор

Новите законски решенија наскоро ќе се најдат на владина седница, а ги подготвува Министерството за економија. Оттаму засега нема официјален одговор што точно се менува, сепак според информациите на Фактор, комплетно ќе биде симнато временското ограничување за продажба на алкохол.

Според постоечкото решение, алкохол сега може да се продава до 19 часот во зима и до 21 часот во лето, но со новите законски решенија, тоа нема да важи и ќе може да се продава во било кое време.

Но, освен ова сеуште е неизвесно дали алкохол ќе може да се продава и на бензинските станици, иако за тоа постои идеја, сепак не е прециразана. Отворени се дилемите дали тоа да се овозможи, и за кој вид на алкохол.

Според информциите на Фактор, и натаму ќе има забраната за продажба на алкохол на тезгите на зелените пазари.

уредник

Related Posts

ВО ГЕВГЕЛИСКО УЧИЛИШТЕ ДИРЕКТОР ПЛАТАТА СИ ЈА ЗГОЛЕМИЛ САМ

Коментарите се исклучени на ВО ГЕВГЕЛИСКО УЧИЛИШТЕ ДИРЕКТОР ПЛАТАТА СИ ЈА ЗГОЛЕМИЛ САМ

ГДУ:Ајде да видиме дека ова навистина може да биде „Едно општетсво за сите“

Коментарите се исклучени на ГДУ:Ајде да видиме дека ова навистина може да биде „Едно општетсво за сите“

Протестот пред Собранието продолжува

Коментарите се исклучени на Протестот пред Собранието продолжува

Create Account



Log In Your Account