Во Велес осветена црквата „Св. Кирил и Методиј“

Share Button

Во Велес денеска е осветена и пуштена во употреба црквата „Свети Кирил и Методиј“ која се градеше 11 години.

Со чинот на осветувањето чиноначалствување поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан и членовите на Светиот архиерејски синод.

– Денес осветивме храм којшто по многу нешта е велелепен, и по градбата и по големината и по фрескописот и по местоположбата. Денес осветуваме храм за 50-годишното возобновено делување на Охридската Архиепископија, истакна г.г. Стефан.

Тој додаде дека е време да се помириме како народ. – Зарем се уште не разбравме дека ништо не може да се постигне со меѓусебни кавги, заборавивме до каде стигна и што доживеа да види нашиот цар Самоил убивајќи ги своите браќа. И така ли ќе завршеа нашите востанија ако имавме слога како народ и ако бевме согласни и единствени, рече поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан.

Црквата е градена во византиски стил, еднокорабна со кршен камен и има камбанарија со 13 ѕвона надвор од објектот. Дело е на архитектот Тодор Паскали и се простира на површина од 500 метри квадратни. Во црквата на 200 метри квадратни направен е нов фрескоживопис на кој се работеше четири години од страна на зографската тајфа „Свети Апостол Лука“. Целиот процес бараше ангажман од професионални сликари со цел вистински да се долови фрескоживописот.

Изработката на фрескоживописот е финансиски поддржана од вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој ја финансираше и инсталацијата на целата електрика во фазата на градба на црквата.

Чинот на осветувањето почна синоќа со света божествена литургија која ја водеше митрополитот Вардарски, владиката Агатангел.

Според него, градењето на нови божји храмови, македонскиот православен народ отсекогаш го развивал како градење на својот национален идентитет и на својата словенска христинска личност.

– Преку изградбата на нашите духови светлишта, односно преку делата на своите раце, добронамерните ктикори и градители со својот труд и посветеност се вградуваат и себеси како живи камења во светата црква христова, вели владиката Агатангел.

Како благодарност беа доделени и благодарници и црковни одликувања на личностите кои приднесоа за изградба на црквата. Со орден Свети Климент Охридски од прв ред беше одликуван Кочо Анѓушев, а со орден Свети Климент Охридски од втор ред беше одликувана Општина Велес.

Црквата „Свети Кирил и Методиј“ почна да се гради на 1 јуни 2006 година.

уредник

Related Posts

ФОТО НА ДЕНОТ:БИТОЛСКИОТ ПАРАКЛИС НА СВЕТИТЕ АПОСТОЛИ ПЕТАР И ПАВЛЕ

Коментарите се исклучени на ФОТО НА ДЕНОТ:БИТОЛСКИОТ ПАРАКЛИС НА СВЕТИТЕ АПОСТОЛИ ПЕТАР И ПАВЛЕ

Ексклузивна видео снимка:Πанаѓур пред црквата Св – Недела во Битола.1911г.

Коментарите се исклучени на Ексклузивна видео снимка:Πанаѓур пред црквата Св – Недела во Битола.1911г.

Create Account



Log In Your Account