Гладен и жеден, седнат на камен кај Саат кулата во Битола, солзите сепак ги задржа

Share Button

Одејќи во центарот на Битола,  во близина на Градскиот часовник кон најблискиот кафемат за да земам кафе, наидов на постар човек кој седеше на еден камен веднаш до кафематот.Косата му беше бела, облеката стара на неговото тело јасно се оцртуваше слабоста , така подгрбавен одвреме навреме ја подигнуваше главата. На неговото лице тага, учи уморни , потемнети.Јасно беше дека е премногу сиромашен, гладен и жеден. Додека го чекав кафето, ми прозборе- Ех пуста сиромаштија, сиромавиот за никого веќе не е важен, ниту некого го интересира, такво време дојде чедо мое.

Не питачеше но тагуваше затоа што на старост се бори со гладта , жедта и сиромаштијата, тажно и замислено седеше на каменот

Го погледнав и видов дека солзите во очите ги задржа во тоа беше и неговата сила затоа што сватив нему не му плачат очите туку душата која крвари од сиромаштијата.

Image result for Битола

Тивко му одговорив- Знам мене тоа ми е одамна јасно.

И да сакав да му помогнам повеќе неможев и немав па затоа му го подадов кафето кое го прифати и се заблагодаруваше како да му се дало нешто многу значајно.

Пополека се оддалечив а тој остана на каменот пред кафематот, колку што можев да видам од она што беше до него тој чисти оџаци -оџачар.Но доколку поминувате оддтаму ова нека биде апел да му помогнете, затоа што за него и едно кафе од 10 денари има неверојатна вредност.

Писмо од наша читателка

 

уредник

Related Posts

Беден живот во мизерен дом живее семејството Петрушевски од скопски Чаир

Коментарите се исклучени на Беден живот во мизерен дом живее семејството Петрушевски од скопски Чаир

НОВА ХУМАНА МИСИЈА НА „СОС БАЛКАНМЕДИА“ (ГАЛЕРИЈА -ВИДЕО)

Коментарите се исклучени на НОВА ХУМАНА МИСИЈА НА „СОС БАЛКАНМЕДИА“ (ГАЛЕРИЈА -ВИДЕО)

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за случајот на СЈО „Транспортер“

Коментарите се исклучени на Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за случајот на СЈО „Транспортер“

Create Account



Log In Your Account