Македонските граѓани си помагаат преку Фејсбук, оние што имаат им донираат на оние кои немаат

Веќе подолго време Македонските граѓани се организирани да помагаат на сиромашните. Активни се фб групи со правила, оној кој сака да донира облека, или било што може и анонимно да каже што има за донирање во прилог се објавуваат и фотографии од она што се донира, оној пак кој од тоа има потреба се пријавува, остава во инбох податоци и адреса и преку карго донаторот ја испраќа донацијата. Откако ќе се утвди карго пратката до администраторот се праќа фотографија дека пратката е веќе испратена и истата се објавува јавно. Ваквите фб групи многу продонесоа за помош на граѓани кои немаат а и е помогнато и на многу деца со облека, креветчиња, обувки, играчки , и слично.Иако ретко но постојат од некои членови во групата и манипулации со кои сакаат пред јавноста да испаднат хуманитарци ветуваат а не донираат но, администраторот  брзо ги открива фолирантите и јавно ги објавува. Ви посочуваме линк од една таква група доколку и вие сакате да донирате или имате потреба од некаква донација која се нуди во групата. Групата ја опфаќа и Битола а досега вкупно членуваат над 30 илјади граѓани

Фотографија на Katerina Kate Micevska.

активен линк

Дај не фрлај- Битола Прилеп Гевгелија Струмица Неготино Кавадарци

 

Напишете коментар