Мајка во солзи животот на детето висел на конец

Share Button

22 годишниот Филип Петрушевски живее со еден бубрег откако пред осум години врз него била извршена првата трансплантација од жив донор. Бубрегот му го подарил неговиот татко. Но среќата велат во семејството Петрушевски, траела кратко.

Здравствената состојба на младиот Филип почнува да му се влошува, а бубрегот да ја откажува функцијата. Неговата мајка Виолета со солзи во очите раскажува дека животот на нејзиното дете виси на конец и доколку за брзо време не му се изврши нова трансплантација може да ги снајде најлошото.

„Донатор да најдеме со нулта позитив или негатив група. Што е можно побргу да се оперира.“ – вели Виолета Петрушевска-мајка на Филип.

Мајката на Филип не губи надеж во здравството и хуманите луѓе. Очекува дека ќе има втора шанса за нејзниот син. Несреќна е како што вели што го гледа Филип како венее пред нивните очи и се повлекува во четири ѕида.

„Секој ден му е тешко, крвта му слабее, нема сила, изнемоштен е, нема апетити, не може да спие“ – вели таа.

Се обратила до здравствените институции за новата процедура за трансплантацијата но до денес повратна информација нема.

„Преку болницата нема помош, нема донатор, ние треба да бараме.“ – вели таа.

Разочаран е и Стефан, најдобриот другар на Филип. Очекува насмевката повторно да се врати кај неговиот пријател со кого делат заеднички моменти од детството.

„Доколку можам, би му помогнал и барам помош од другите. Тој е добро дете. Да помогнеме да му се најде бубрег.“ – вели Стефан.

Трансплантација или пресадување на бубрег е еден од начините на лекување на пациенти со терминален стадиум на хронична бубрежна болест. Според последната статистика повеќе од 300 пациенти чекаат за трансплантација на бубрег на Клиниката за нефрологија. Филип и неговото семејство се надеваат дека хуманите луѓе ќе му помогнат за нова трансплантација, но се надеваат и на финансиска помош бидејќи покрај пари за операција, тој мора да прима скапа терапија, за која се снабдува со лекови од Германија.

сторијата е објавена на тв 24

уредник

Related Posts

Мајка од Неготино работи како кловн оти не ја примаат како воспитувач во градинка

Коментарите се исклучени на Мајка од Неготино работи како кловн оти не ја примаат како воспитувач во градинка

ЕКСКЛУЗИВНО:ФИЛИПЧЕ ВЕТИ , НО И ИСПОЛНА -ДОКТОРИТЕ ДОБИЈА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИ ПО ОСНОВ НА ДЕЖУРСТВА

Коментарите се исклучени на ЕКСКЛУЗИВНО:ФИЛИПЧЕ ВЕТИ , НО И ИСПОЛНА -ДОКТОРИТЕ ДОБИЈА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИ ПО ОСНОВ НА ДЕЖУРСТВА

Create Account



Log In Your Account