Татко, мајка… надлежноста им е:Градоначалникот да управува со имотот на Општината како добар домаќин

Share Button

Во Битола многу малку досега се посвети внимание на основните и најважните нешта а тоа се задолжителните надлежности на статусот Градоначалник.  По многубројни претпоставки низ Социјалната мрежа конкретно за Битола се изнапишаа различни имиња , исто така и многу коментари (ми се допаѓа или не ми се допаѓа), некаде пак и паднаа кавги. Кој да биде, каков да биде ама никој , баш никој не се сети на основните обврски и надлежности и да подебатира на таа тема . Во Битола што се однесува за сдсмовскиот кандидат , во јавноста беше објавен неколку дена унапред на интернет порталите пред официјализацијата, откако сопартијците честитаа името на кандидатот беше официјално потврдено од партијата.

Image result for општина Битола

Како и секогаш пред локални насекаде има позитивни и негативни коментари.Но најважно од се е  оној кој ќе победи се држи во својот работен мандат до основните надлежности , прва и основна е -Градоначалникот управува со имотот на Општината како добар домаќин, да биде она за што е изгласан и поставен.И не е важно Татковци, Мајки,дали ќе бидат градоначалници, колку што е важно откако ќе седнат во градоначалничката фотеља колку ќе ги почитуваат надлежностите а и целиот град.

Изминатиот период баш и не можеме да се пофалиме дека имавме добар домаќин општински, од многу причини.

Опозицијата битолска се уште нема официјализирано и засега останува непознато со кој кандидат тие ќе излезат на овие локални избори. Кампањите се такви секој ќе го фали своето  но потоа еден ќе биде за сите и треба да е еднаков за сите за доброто на секој граѓанин во Битола.Што се однесува до независните во трка се две битолски имиња.

Во продолжение извадок за градоначалничките надлежности.

Градоначалникот ја претставува и застапува Општината.

Градоначалникот се избира на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање во согласност со закон за период од 4 години.

Градоначалникот својата функција ја извршува професионално.

Градоначалникот во рамките на своите овластувања:

  • – му предлага на Советот на Општината донесување одлуки и други општи акти од негова надлежност,
  • – кога е изрично овластен донесува поединечни акти во согласност со закон Статутот односно одлука на Советот,
  • – раководи со управните и административните органи,
  • – именува и разрешува главен архитект на градот,
  • – именува и разрешува раководни лица на управните, односно административните органи на Општината,
  • – именува и разрешува членови на Градскиот совет за архитектура,
  • – врши прием во работен однос и дава отказ од работа на лица извршители на управните и административните органи во Општината по претходно добиено мислење од Комисијата за работи од именување и разрешување на извршители на управни и административни работи во органите на Општината,
  • – донесува акти за организација и систематизација на работните места во управните и административните органи во Општината,
  • – врши и други работи утврдени со закон и со овој Статут.

Градоначалникот има право да присуствува и учествува во работата на седниците на Советот.

Градоначалникот се грижи за работите што со закон и се доверуваат на Општината.

Градоначалникот е должен актите со кои се уредуваат работите од доверената надлежност без одлагање, а најдоцна до денот на објавувањето, да ги достави до надлежниот орган на државната управа.

Градоначалникот со заклучок ги прогласува и објавува актите и одлуките на Советот во службеното гласило на Општината.

Градоначалникот на Општината се грижи и презема меки и активности за нсвремено и квалитетно извршување на одлуките на Советот на Општината.

Градоначалникот управува со имотот на Општината како добар домаќин.

Во управувањето со имотот на Општината градоначалникот е должен да презема мерки и да го обезбедува користењето на имотит во согласност со закон.

Градоначалникот е должен во рок од 7 дена на Советот да му укаже на неуставноста и незаконитоста на актот, односно одлуката донесена во надлежностите за кои самостојно одлучува Општината.

Советот е должен актот односно одлуката повторно да ја разгледа најдоцна 15 дена по укажувањето од страна на градоначалникот.

Ако Советот на Општината го потврди актот, односно одлуката, градоначалникот е должен да ја прогласи.

Градоначалникот е должен ако актот односно одлуката од став 1 на овој член не се согласат со Уставот и Законот и по повторното разгледување од страна на Советот или ако Советот не го разгледа повторно актот односно одлуката во предвидениот рок да ја извести Владата на Република Македонија за неуставноста и незаконитоста на актот односно одлуката во рок од 15 дена од денот на неговото – нејзиното доставување.

За времето на спреченост или отсутност до една година, градоначалникот го заменува член на Советот на Општината кој го назначува градоначалникот.

За времето на заменување на градоначалникот, на членот на Советот на Општината му мирува функцијата член на Советот.

За работата на градоначалникот може да се покрене прашањето за негова доверба на предлог од најмалку 1/5 од вкупниот број на избирачи.

Предлогот за покренување на прашање на доверба на градоначалникот се поднесува до Општинската комисија за спроведување на изборите со потписи на граѓаните дадени пред надлежниот орган кој води евиденција за избирачкото право на избирачите.

Постапката за изјаснување на граѓаните по прашањето за недоверба на градоначалникот ја спроведува Општинската комисија за спроведување на изборите.

Одлуката за недоверба е донесена ако за неа гласале 51% од вкупниот број на избирачите во Општината, со што му престанува мандатот на градоначалникот.

Извор: Статут на Општина Битола (член. 60-69)

Извршување на функцијата градоначалник

Новоизбраниот градоначалник ја презема должноста од претходниот градоначалник во рок од седум дена од денот на изборот.Градоначалникот ја врши професионално својата функција. За време на вршењето на функцијата градоначалникот не може да врши друга професионална дејност.

Градоначалникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење во советот. Градоначалникот определува кој од членовите на советот ќе го заменува во случаи на спреченост или отсуство, во согласност со постапка утврдена со статутот.

Градоначалникот не може да биде именуван за член во надзорни, управни и контролни органи на трговски друштва и јавните служби, исто така не може да учествува во процесот на одлучување за прашања во кои тој или неговиот брачен другар, деца или роднина  до втор степен странична линија има финансиски или друг личен интерес.

 

И сосема за на крај кога се работи за доброто на градот, Татко, Мајка доколку не се грижи и не работи домаќински кој и да биде нема да биде поштеден од јавна објава а со една цел,Битола треба да живее и граѓаните на Битола!

 

Напишете коментар