Бигорски доби уште еден монах

Share Button

Монашкото братство на Бигорската Обител е побогато за уште еден член. Во предвечерието кога Бигорски го слави патрониот празник, монашки чин доби Антониј.

Монашкото росо го доби од рацете на надлежниот архиереј, Владиката Тимотеј, заедно со Игуменот Бигорски, Архимандритот Партениј.

mon 1

Бигорски синиоќа беше претесен да ги прими сите гости и верници кои дојдоа на овој несекојдневен и голем настан за бигорското братсво.

-Нашиот нов собрат, монах Антониј, духовно роден од чедољубивото старечко срце на нашиот татко во монаштвото, Архимандрит Партениј, и одгледан од неговите молитви и љубов, сесрдно се предаде на возвишените монашки завети пред монахољубивиот ни владика, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Секако, радоста и благодарноста беа најголеми кај монасите и монахињите, што си добија нов ревносен сопатник за Царството Божјо и молитвеник што го понесе името на великиот родоначалник на монаштвото, Авва Антониј Египетски. Последен украс на денешново бигорско торжество беше поучителната беседа на нашиот архипастир, со посебен нагласок на монашкото живеење, велат од Бигорски.

Напишете коментар