Иако сите очекуваа, ни Жаре во Прилеп ниту пак Горан во Битола

Според Социјалната мрежа и многубројните коментари, прилепчани беа, кандидат за градоначалник од СДСМ да биде Жаре Стеваноски.Реки коментари пишуваа не само прилепчаните туку и од други краишта низ земјава.Поддршката јавно ја даваа за Жаре Стеваноски истакнат по своите активности . Но сепак кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ за Прилеп е сосема друга личност а граѓаните јавно го искажаа повторно својот револт за официјализацијата.И во Битола не е одбран граѓанскиот фаворит Горан Козаров кој слично како Жаре имаше преку социјалната мрежа огромна поддршка но откако не е избран за официјален кандидат за градоначалник,и за него ѓраѓаните пишуваат дека е направена огромна грешка што не е тој имајќи ги во предвид големиот број негови активности заложби и квалитети.
Фотографија на Zare Stevanoski.
 
И двајцата познати големи борци фаворити народни, објавија на своите фб профили
Еве што напиша Жаре
 
Жаре Стеваноски се огласи по повод изборот на СДСМ, Јовановски да биде кандидат за Прилеп
Почитувани пријатели,
 
нашиот сопартиец Илија Јованоски е кандидатот за градоначалник на Прилеп со кој Општинската организација на СДСМ ќе излезе на локалните избори на 15 октомври. Со надеж дека ќе извојува победа и ќе го спречи Марјан Ристески да дојде до четвртиот мандат, на д-р Јованоски му го честитам изборот и му посакувам успех на локалните избори.
 
Со оглед на тоа што бев еден од кандидатите во внатрепартиската трка за кандидат за градоначалник, сакам да кажам дека како и секогаш досега, со целиот свој капацитет и нему и на партијата им стојам на располагање.
 
Истовремено, драги пријатели, би сакал на сите вам да ви се заблагодарам на огромната поддршка која во изминатиот период јавно ми ја искажувавте. Борбата која на локално ниво ја водев со структурите на ДПМНЕ беше во насока на разобличување на нивното 12 годишно криминално владеење, со крајна цел сегашното општинско раководство да одговара за сторените недела а Прилеп да стане подобро место за живеење.
 
Раководството на мојата партија сметаше дека Јованоски е подобар кандидат од мене. Јас ќе ја почитувам таквата одлука и ќе продолжам да го работам она што го започнав пред 3 години.
 
Уште еднаш, на сите вас најискрено и од срце ви благодарам што за целото тоа време бевте со мене. Горд сум што Ве имам за пријатели!
 
Фејсбук статус на Жаре Стеваноски
 
И Горан Козаров се обрати , еве што напиша тој
Почитувани мои другари,сопартијци, пријатели,познаници сакам да ви се заблагодарам за без резервната подршка која ми ја дадовте изминатиот период се додека траеше мојата внатре партиска кандидатура за градоначалник, во редовите на СДСМ. Би сакал да ве информирам дека јас не сум тој кој ја добив довербата. Довербата ја доби мојата сопартијкаNatasha Petrovska .
Фејсбук статус на Горан Козаров
Но и двајцата народни фаворити продолжуваат понатаму и со тоа повторно потврдуват  дека не се за лични интереси ама се за доброто во нивните градови .Ни Жаре ни Козаров не се губитници затоа што со нив е народот .На официјализираните пак им посакуваме среќа
 Фотографија на Krste Stojanovski.
Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account