Објави па помогни како и да е најважно е дека сепак функционира

Благородна Димитриевска жената жртва на семејно насилство за која ТВ 24 ја пренесе нејзината голгота во која се наоѓа изминатиот период, беше повод за хуманитарен концерт  на  Панчо и Андреј од  познатата  R’N’B група ДНК  која денеска одржа хуманитарен концерт  во Градскиот трговски центар. За време на хуманитарниот настан бендот ги отпеа  најголемите хитови додека хуманите луѓе донираа пари за Благородна и за нејзините три деца.

„Верувам дека на госпоѓата од Куманово ќе и идат поубави денови и овие што ние го собравме е нешто симболично. Колку и да се собере, ќе го изброиме и ќе напишеме на нашата официјална страна  и да и се предадат на госпоѓата“, рече Панчо – ДНК.

„Најмалку што можеме да направиме  во овој момент кај нас е да изведуваме хуманитарни концерти, да собираме средства и најголемата цел на ова е да ги стимулираме и другите луѓе да помагаат на луѓе на кои им треба помош, а ги има многу“, рече Андреј – ДНК.

Панчо и Андреј од „ДНК“ дополнително порачаа дека нема да застанат со хуманоста таму каде што е најпотребна, велат дека Благородна Димитриевска заслужува многу повеќе и дека ќе го врати мирот и спокојството кој го заслужува со нејзините три деца. Сторијата за Благородна Димитриевска која е жртва на семејно насилство ги мобилизираше институциите и граѓаните. На Благородна и е понудено сместување во шалтер центар, и е ставена на приоритетна листа во заводот за вработување и бесплатна правна помош.

Напишете коментар