Охридскиот чинар ќе стане споменик на природата и туристичка атракција

Share Button

Чинарот во Охрид стар 11 века ќе биде прогласен за споменик на природата. Предлог-одлуката беше прифатена од Советот на Општина Охрид без расправа, врз основа на елаборатот за заштита на дрвото изготвен од Друштвото за еколошки консалтинг „Деконс Ема“ кои предложија чинарот да влезе во туристичката понуда на Охрид. Истовремено се предложени и низа мерки за негова заштита и реставрација, што би чинела 15.000 евра за една година.

Одлуката на Советот на град Охрид е испратена и до Министерството за животна средина, кои со акт треба да го направат прогласувањето на споменик на природата. Планирано е проектот да се прошири и во иднина да опфати шест чинари во градот, како и познатиот кочеџик кај црквата „Св. Богородица Перивлепта“.

Чинарот, како и некои други дрвја во Охрид, се прогласени за природно наследство, според закон од 1973 година и треба да се стават во законска рамка според постоечкиот Закон за заштита на природата. Дрвото е во лоша состојба по снежното невреме во 2002 година по што поради недостиг на финансии, делумно е направена заштита на чинарот.

уредник

Related Posts

Адвокатката Софија Бојковска со нови детали во врска со случајот со девојчето штитеник од „25 Мај“

Коментарите се исклучени на Адвокатката Софија Бојковска со нови детали во врска со случајот со девојчето штитеник од „25 Мај“

Миленко Неделковски:Пред малку е приведен Владиката Петар

Коментарите се исклучени на Миленко Неделковски:Пред малку е приведен Владиката Петар

Пред Собранието на Р.Македонија се протестира против промена на името и законот за двојазичност!

Коментарите се исклучени на Пред Собранието на Р.Македонија се протестира против промена на името и законот за двојазичност!

МТСП: ОБЕЗБЕДЕНИ 486 ВРАБОТУВАЊА НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ВО ГРАДИНКИТЕ

Коментарите се исклучени на МТСП: ОБЕЗБЕДЕНИ 486 ВРАБОТУВАЊА НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ВО ГРАДИНКИТЕ

Цели семејства невработени , гладни, остануваат така, овие мува не ги лази око не им трепнува си вработуваат само свои

Коментарите се исклучени на Цели семејства невработени , гладни, остануваат така, овие мува не ги лази око не им трепнува си вработуваат само свои

Малата штитеничка од „25 Мај“ ја продавале за цена од по 700 денари

Коментарите се исклучени на Малата штитеничка од „25 Мај“ ја продавале за цена од по 700 денари

Create Account



Log In Your Account