Советот за етика во медиумите на Македонија најостро ги осудува сите облици на физички пресметки помеѓу новинари

Советот за етика во медиумите на Македонија најостро ги осудува сите облици на физички пресметки помеѓу новинари

Share Button

Советот за етика во медиумите на Македонија најостро ги осудува сите облици на физички пресметки во коишто се инволвирани новинари и апелира на воздржаност и смирени реакции на какви било провокации од кој и да е центар на моќ, групации или поединци.

Новинарите се должни да ги почитуваат вредностите на својата професија, да не поттикнуваат насилство ниту со своето пишување, ниту со своето однесување, и никогаш да не заборават дека нивното најсилно оружје е зборот, велат од Советот за етика во медиумите.

„Не очекува бурен период на политичка кампања и тензии пред претстојните локални избори, па СЕММ повикува на максимална одговорност во вршењето на јавните професии. СЕММ исто така апелира до медиумите на посериозен пристап во известувањето, односно јавниот интерес да биде главен услов при селекцијата на темите што се презентираат на публиката. Освен информативна, медиумите имаат и едукативна улога, тие треба да го збогатуваат јавниот дискурс, да влијаат на негово култивирање, а не на спуштање на нивото на јавната комуникација и креирање на атмосфера којашто не доликува на едно современо демократско општество“ се вели во соопштението од Советот за етика во медиумите.

уредник

Related Posts

Министерот Филипче ги укинува приоритетните упати

Коментарите се исклучени на Министерот Филипче ги укинува приоритетните упати

СКАНДАЛ-ОПШТИНА ОХРИД НЕ ГО ПОЧИТУВА НИТУ ПО РАЗНО ЗАКОН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР?!

Коментарите се исклучени на СКАНДАЛ-ОПШТИНА ОХРИД НЕ ГО ПОЧИТУВА НИТУ ПО РАЗНО ЗАКОН ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР?!

Бездомник кој починал во Велес , два дена нема кој да го погреба

Коментарите се исклучени на Бездомник кој починал во Велес , два дена нема кој да го погреба

Силуваните сестри од домот „25 Мај“ исчезнале 89 пати: Преживеале полов напад и се осомничени за неколку кривични дела

Коментарите се исклучени на Силуваните сестри од домот „25 Мај“ исчезнале 89 пати: Преживеале полов напад и се осомничени за неколку кривични дела

Create Account



Log In Your Account