По 8.400 денари за 3.000 невработени лица – Проверете дали важи за вас!

Share Button
Со 82 гласа за денеска Собранието го усвои законот со кој материјално се обезбедуваат невработени лица кои поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата останале без работа.

Со ова, се овозможува околу 3.000 лица да добиваат месечен надоместок од по 8.356 денари, односно 34 проценти од просечно исплатената месечна нето плата минатата година, а годишно за таа намена Агенцијата за вработување ќе обезбеди 300 милиони денари.

Невработените лица опфатени со законот треба да имаат најмалку 15 години стаж во претпријатија со доминантна сопственост на државата, а таму работниот однос да им престанал по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок, заклучно со 30 јуни годинава.
На денот на стапување во сила на законот да се возраст од најмалку 52 години, за жени, односно 55 години за мажи.Лицата треба да имаат остварено право на паричен надомест по 1 јануари 1995 година, а по остварувањето на правото на паричен надомест да не биле вработени на неопределено време, односно работниот однос да не им престанал по нивна волја и вина.

уредник

Related Posts

УЧЕСНИЦИТЕ НА ПРОТЕСТОТ БАРААТ ОСТАВКА ОД ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР

Коментарите се исклучени на УЧЕСНИЦИТЕ НА ПРОТЕСТОТ БАРААТ ОСТАВКА ОД ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР

Бремени уште две малолетни девојчиња од „25 Мај“

Коментарите се исклучени на Бремени уште две малолетни девојчиња од „25 Мај“

Create Account



Log In Your Account